Телефонски разговор Радев – Пич: Во фокусот на разговорите европската перспектива на Македонија и Западен Балкан

Од:

Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска имаше телефонски разговор со специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, соопштија од прес-секретаријатот на шефот на државата.

Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Република Северна Македонија и земјите од Западен Балкан и клучното значење на евроинтегративниот процес за безбедноста и стабилноста на регионот.

Шефот на бугарската држава ја изрази надежта за брзо решение на прашањето за гарантирање на правата на македонските Бугари, со нивно внесување во Уставот на Република Северна Македонија, за откажување на јазикот на омраза кон Бугарија.

-Постигнувањето реални резултати во билатералниот дијалог со Бугарија значително ќе го забрза евроинтегративниот процес на РСМ, нагласи претседателот.

Безбедносното опкружување во Источна Европа, во контекст на ескалацијата на тензиите во Украина, исто така беше меѓу темите на разговорот меѓу претседателот Румен Радев и Стјуарт Пич, соопшти прес-секретаријатот на претседателот на Бугарија.

Извор: БТА

Би можело да ве интересира

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ