Тахири: Вучиќ ги штити осомничените за убиството на Оливер Ивановиќ

Од:

Министерот за правда на Косово, Абелард Тахири информира денеска дека косовските истражни и судски органи ги прекинале врските со властите во Србија во врска со расветлувањето на убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, што се случи во јануари минатата година во Северна Митровица.

На ваков чекор косовските власти биле принудени затоа што, според Тахири, претседателот на Србија, Александар Вучиќ „ги штити лицата по кои се трага во врска со убиството на Ивановиќ“.

– Го прекинавме секој вид соработка со српската страна затоа што Вучиќ ги засолнува осомничените, изјави Тахири на прес-конференција во Приштина.

За документот кој вчера го претстави Вучиќ како наводно сведоштво на Рада Трајковиќ, сопругата на убиениот косовски политичар, Тахири вели дека е фалсификуван, со цел да се манипулира јавноста.

– Тој (Вучиќ) сега се обидува да го изманипулира целиот процес преку фалсификувани документи, изјави косовскиот министер за правда.

Тахири апелира до властите во Белград, „доколку навистина се заинтересирани да се расветли убиството на Оливер Ивановиќ“, да ги предадат осомничените кои, според него, се засолнети во Србија.

Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, беше убиен на 16 јануари минатата година во северна Митровица, недалеку од неговиот дом, пред седиштето на неговата партија Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП). Косовското обвинителство до сега приведе неколку осомничени, меѓу кои и двајца припадници на косовската полиција од српска националност, но се уште нема покренато ниедно обвинение.

Би можело да ве интересира

Штуни: Косово е најзагрозенo од поранешни џихадисти

Средба Ахмети – Мустафа: Постои готовност изборите да се одржат на 6 октомври

Ана Ололовска

Македонските власти ќе бараат од Косово објаснување за забраната за увоз на компир и мед

Ана Ололовска

Харадинај: Не беше лесно да се спречи распарчувањето на Косово

Ана Ололовска

САД го напуштија одборот на косовската Агенција за споредување и верификација на имот

Харадинај: Територијалните претензии на Србија го блокираа дијалогот Приштина – Белград