Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ денес оцени дека мора да се најде решение за прашањето за Косово, бидејќи без тоа Србија не може да тргне напред како општество.
-Се надевам дека тоа решение ќе биде такво и дека нема да предизвика нови кризи, туку ќе ги остави зад себе. Мислам дека нема да произлезат какви било турбуленции и загрозување на демократските процеси во Србија, изјави тој.
Тадиќ по разговорот со претседателот на Австрија, Хајнц Фишер и државниот секретар во министерството за финансии Андрес Шидер нагласи дека во моментот додека Србија преговара за важни решенија за Косово, во ЕУ постои заинтересираност за имплементација на решенијата.
Елена Георгиевска