Тачи: Косово треба да го чува партнерството со САД како очите во главата

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи информира дека премиерот Албин Курти ја одби и денешната покана за средба, која ја свика со цел да се разгледа актуелната ситуација во земјата и развојот на односите со Соединетите Американски Држави, како главен партнер и сојузник на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

На прес-конференција која ја одржа во време кога требаше да се одржи средбата, Тачи му порача на Курти да носи одлуки кои се во согласност со волјата на граѓаните на Косово и да не презема дејствија кои можат да ги расипат односите со Вашингтон.

– Ние треба да работиме и да чекориме напред со единствени ставови и да го чуваме како очите во главата партнерството со западните сојузници, а пред сé со оние кои го дадоа најголемиот придонес за независноста на Косово, а тоа се САД. Затоа, мојата порака е дека премиерот треба да носи одлуки кои се во согласност со волјата на граѓаните на Косово, со евроатлантската ориентација и да не должи со носењето на потребните одлуки, затоа што може да ја одведе земјата во погрешна историска насока, изјави Тачи.

Косовскиот претседател порача дека слободата на Косово „нема смисла без стратешкото партнерство со САД“ и воедно уште еднаш ја обвини Европската унија заради неукинувањето на визите за косовските граѓани.

– Ниту самата слобода, а ниту државата немаат смисла без стратешкото партнерство со САД. Свесни сме дека наша единствена алтернатива е да бидеме дел од ЕУ. Но исто така сме сведоци на тоа дека другите можат да не остават на пола пат, или да не казнуваат со неукинувањето на визите, изјави Тачи.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски