Свилановиќ: Регионалната соработка е предуслов за членство во ЕУ

Од:

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ истакна дека регионалната соработка е клучен елемент за поттикнување на мир, добрососедски односи, стабилност и просперитет во југоисточна Европа, пренесува Фена.

– Тоа исто така е предуслов за членство во Европска унија, рече Свилановиќ на своето предавање на дводневната регионална конференција за приклучување во Европска унија, чиј домаќин е Германската организација за меѓународна соработка „ГИЗ“. 

Генералниот секретар на Советот зборуваше за актуелната стратегија за проширување на ЕУ и годишниот извештај за напредок, како и за капацитетот на земјите кои бараат членство да ги задоволат политичките и економските критериуми и нивните способности да ги преземат обврските од членството во ЕУ. 

Свилановиќ изјави дека треба да се зацврсти напредокот за реализација на агендата за реформите и да се нагласи спроведувањето и остварувањето и додаде дека регионалната соработка ќе даде важен придонес, и тоа најголем во програмата за поврзување, како и  за патот за добрососедски односи. 

Свилановиќ ја поздрави поддршката на Европската комисија за процесот на соработка во Југоисточна Европа и Советот за регионална соработка, како и Берлинскиот процес, по пат на кој го повика Советот да придонесе и да ги координира активностите во две области кои се од најголема важност за регионот, а тоа се мобилноста и растот. 

Го претстави главното подрачје на дејствување на Советот, односно вештините и мобилноста, конкуренцијата, поврзаноста и доброто управување. 

Генералниот секретар на Советот зборуваше и за работењето на оваа организација во областа на безбедносната политика, но посебно за регионалната платформа за соработка на југоисточна Европа во борбата против радикализмот и насилниот екстремизам кои го водат тероризмот и регрутирањето на странските терористи (Регионалната ЦВЕ-ФТФ платформа на југоисточна Европа).

На конференцијата со наслов „Регионална соработка во југоисточна Европа – со заедничка работа кон придружување во ЕУ“ се собраа 200 стручни лица од регионалните и меѓународните организации, како и претставниците на академската заедница, цивилното општество, експертските организации од регионот, Европска унија, влади од југоисточна Европа и претставниците од Европската комисија на Германија и Австрија. 

Целта на конференцијата е да се создадат можности за унапредување на дијалогот и поврзување на партнерите и соседите од југоисточна Европа и Европската унија, пренесуваат медиумите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски