Изрекувањето на пресудата за командантот на силите на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, кој денеска е осуден на доживотен затвор, не беше главна вест во светските медиуми.
Интересот на светските медиуми за воените злосторства во Босна и Херцеговина беше во втор план поради политичката криза во Зимбабве.
Тема на денот на Би-Би-Си е смената на власта во Зимбабве, а како најважна вест на Си-Ен-Ен е видео снимката од севернокорејскиот војник кој пребега Јужна Кореја.
Францускиот весник „Монд“, како и Би-Би-Си најголемо внимание посветува на Зимбабве, додека за „Раша тудеј“ главна вест е средбата на рускиот претседател Владимир Путин со турски и ирански колега Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани во Сочи. Средбата е посветена на „долгорочно решение“ на судирот во Сирија.
Ниту новинските агенции АП, Ројтерс и ТАСС на своите сајтови немаат вест за Ратко Младиќ.