Светските масони на собир во Белград

Од:

Големиот масонски собир ќе се одржи од 15 до 17 октомври во Белград, а ќе присуствуваат грандкомандерите од Франција, Русија, Шпанија…

“Пред еден век, Врховниот совет на Грција внесе светлост и го основаше Врховниот совет на Кралството Србија. Во 1912 година, на заседавањето на сите врховни совети во светот во Вашингтон, Врховниот совет на Кралството Србија е признат како единствена масонска власт во нашата земја“, рекол за српскиот весник, “Курир“ Драган Ѓуриќ, суверен грандкомандер на Врховниот совет на Србија.

Ѓуриќ веќе четири децении живее и работи во Франција и е водечки српски масон од 33 степен. Пред една година стана голем генерален секретар на Врховниот светски совет, кој обединува 53 врховни совети.

Според него, на големиот белградски самит ќе присуствуваат членови на Големата наицонална ложа на Србија и останатите браќа, од прв до 33 степен.

Со овој собир на најмоќните слободни “ѕидари“ во светот, се одбележува стогодишницата од постоењето на Врховниот совет на Србија.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ