Судири за време на антифашистички протест во Атина

Од:

Грчката полиција употреби солзавец и шок-гранати против стотиците демонстранти кои учествуваа во антифашистички протест и фрлаа по полицијата со молотови коктели и камења во атинското предградие Кeрaцини.

Судирите почнаа за време на антифашистиочки митинг на местото каде во ноќта спроти среда беше убиен 34-годишен маж, музичарот Павлос Фисос. Тој бил нападнат со нож од маж кој според полицијата, е член на неонацистичката Златна зора. Таа партија има 18 пратеници во парламентот и негира дека е поврзана со убиството.

Во протестите учествуваа над 5.000 луѓе. Околу 6.000 се собраа на две антифашистички пројави во Солун каде исто така имаше судири со полицијата која и таму употреби солзавец.

Околу илјада демонстранти се судирија со полицијата во градот Патра при што еден полицаец е повреден.

– Го повикувам општеството и институциите да реагираат, и повикувам на политичка волја за борба против таа одвратна појава. Сите сме должни да не дозволиме отворени врати за фашизмот, изјави претседателот на држаата Каролос Папуљас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски