Стотина сириски бегалци почнаа да се качуваат на бродот на грчкиот остров Кос

Од:

Стотина сириски бегалци утрово на грчкиот остров Кос почнаа да се качуваат на патничкиот брод „Елефтериос Венизелос“, што властите го одредија за нивно сместување, во обид да ги ублажат често хаотичните услови на копно, јави Танјуг.

Грчките власти за повеќе од еден ден го одложија качувањето на бегалците на бродот укотвен во пристаништето на Кос, работејќи за тоа време на планот да ги избегнат нередите меѓу се поочајните бегалци, кои пристигнаа на гумени и мали дрвени чамци од Турција.

Качувањето на траектот, што на островот Кос доплови во петокот, почна утрово пред разденување, додека температурите не се толку високи, без никакви проблеми или метеж.

На бродот, кој го изнајми грчката влада, ќе биде обезбедено сместување за околу 2.500 Сиријци, кои ќе бидат распоредени во кабини, додека една поголема просторија е резервирана за процесуирање документација.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески