Столтенберг со порака до Белград и Приштина: Нашите сили се подготвени, КФОР брои 4000 војници

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, коментирајќи ги тензиите на Косово, испрати јасна порака до двете страни.

Имено, тој за француската телевизија „Франс 24“, на прашањето колку е загрижен за последните настани на Косово, одговори дека неговата порака до двете страни е да се воздржат од изјави кои придонесуваат за ескалација на конфликтот и потези, а да помогне во намалувањето на тензиите.

„НАТО е многу фокусиран на прашањето за Косово, како и за Западен Балкан. Имаме долга историја, помогнавме да се стави крај на две етнички војни, прво во Босна и Херцеговина, а подоцна и во Косово. Нашите сили се уште се присутни таму преку Силите на НАТО, односно КФОР кој има речиси 4.000 членови и е клучен фактор за стабилизирање на регионот и ситуацијата“, рече генералниот секретар на НАТО.

А потоа испрати уште појасна порака:

„Нашите сили се подготвени, способни и „внимателни”. Тие ја следат ситуацијата многу внимателно. Силите на НАТО и ЕУ тесно соработуваат. Моето барање до сите страни е да се воздржат од реторика што придонесува за ескалација на конфликтот и да помогнат во намалувањето на тензии“.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина