Столтенберг: Само Црна Гора и НАТО одлучуваат за членството

Од:

Одлуката за покана на Црна Гора за членство во НАТО ќе ја донесат 28-те земји членки на Алијансата до крајот на годината и никој друг нема право да се меша во тој процес, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Столтенберг на заедничка конференција за новинари со хрватскиот претседател Колинда Грабар Китаровиќ во Брисел, изјави дека како што е најавено на Самитот во Велс, интензивирани се разговорите со Црна Гора, пренесува Танјуг.

– Позицијата на Алијансата останува иста. Како што одлучувме минатата есен, ги интензивиравме разговорите со Црна Гора. Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ неодамна го посети седиштето на НАТО. Забележан е напредок на земјата во областа на владеење на правото, безбедносниот сектор и во прашањата на одбраната. Ќе направиме проценка и ќе донесеме одлука за повикот до крајот на годината, истакна Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО истакна дека одлуката исклучиво ќе биде донесена од 28. земји членки на Алијансата и дека никој друг нема право да се меша или да се обиде да стави вето на одлуката.

– Со тоа, дали Црна Гора ќе добие повик за членство е прашање за кое ќе одлучат само Црна Гора и НАТО, порача Столтенберг.

Според него секоја држава има право да го избере сопствениот пат, но и да одлучи какво безбедносно уредување сака. – Тоа исто важи и за Црна Гора, порача Столтенберг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија