Столтенберг идната недела во Анкара и Атина ќе ги смирува тензиите меѓу НАТО-сојузниците Грција и Турција

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во понеделник и вторник ќе ги посети Анкара и Атина и ќе одржи средби со министри од турската и грчката Влада.

Во понеделник, Столтенберг ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Турција и други високи владини претставници, додека пак ден подоцна, во Грција, ќе разговара со грчкиот премиер и министрите за надворешни работи и национална одбрана.

Грција и Турција вчера во НАТО воспоставија билатерален механизам за избегнување конфликти што има за цел да го намали ризикот од инциденти и несреќи во Источен Медитеран, а вклучува и воспоставување на „црвена линија“ помеѓу двете земји за да се олесни избегнувањето на конфликти на море или во воздух.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг истакна дека „овој безбедносен механизам може да помогне да се создаде простор за дипломатски напори за решавање на основниот спор“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он