Стерјовски побара албанската Влада да се сети на Македонците во Врбник кои живеат во субстандардни услови

Од:

Како пратеник од регионот Корча, во име на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, на денешната пленарна седница на албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, го покрена прашањето за состојбата на Македонците во селото Врбник, каде, како што рече, условите за живот се како во средниот век.

Посочи дека селото Врбник се наоѓа на најугоисточната точка на Албанија, во општина Девол, во округот Корча, и е населено со македонско население. Како Македонци признати се и од страна на албанската држава.

-За жал, условите за живот во селото Врбник се како во средниот век. Нема вода за пиење, нема канализација, патот што го поврзува селото со градот Билишта во должина од пет километри е макадам. Тука воопшто не се чуствува раката на државта. Селото Врбник оставено е на милоста на Бога. Нема ниту една инвестиција во последните 30 години од страна на државата, рече Стерјовски.

Според него, селото до пред 20 години имало 500 жители, но поради лошите услови за живот дел од Македонците се иселени, во внатрешноста на Албанија, пред сé, во градовите Билишта, Корча и Тирана и дел во Грција и Северна Македонија.

Во селото Врбник до пред 20 години имало здравствена амбуланта, културен дом, фолклорна група која настапувала на фестивалите во округот Корча и цела Албанија, градинка и училиште до четврто одделение каде наставата се изведувала на македонски и албански јазик. Денеска сите овие објекти се претворени во рушевини.

Стерјовски ги информираше пратениците дека пред неколку години, Македонците со потекло од селото Врбник потпишале петиција до Дирекцијата за образование на Билишта, со која бараат децата од македонската заедница во градот Билишта, да го изучуваат македонскиот јазик во образовниот процес во градот Билишта, но не добиле одговор.

Министерството, додаде тој, треба да дозволи изучување на македонскиот јазик двапати во неделата во градот Билишта, и во селото Врбник повторно да отвори градинка и училиште до четврто одделение па дури и со помал број на ученици.

-Македоците во селото Врбник апелираат за помош од страна на локалната и централната власт. Ова село е познато по многу вредности и на нашата земја и дало многу познати личности во различни области на општеството. За да се подобрат условите за живот во селото Врбник, Владата како и општината Девол треба најитно да инвестираат во патната инфраструктура, водоводот и канализацијата во селото, рече Стерјовски на денешната пленарна седница на албанскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Молотови коктели на протест во Тирана

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви