Српски планинар се повреди во Албанија, со хеликоптер е пренесен во болница

Од:

Два хеликоптери на албанското воено воздухопловство денеска превезоа четворица српски планинари.

Еден од нив падна и се повреди на преминот од Валбона кон Тет, соопшти денеска албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.

Тој на Фејсбук напиша дека повредениот српски планинар е пренесен во болница и е под надзор на лекар, а останатите тројца планинари, за среќа, не се повредени.

Приштинскиот портал „Репортерс“ пренесува соопштение од полицијата на Албанија, во кое се наведува дека полицијата во соработка со Министерството за одбрана и медицинскиот тим на Министерството за здравство дошле на помош на српски турист кој паднал од височина на планината Језерце и поради повредите не можел да се движи.

Би можело да ве интересира

Деветгодишно момче од Србија го изгриза куче, му откина дел од увото

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Брутално насилство на протестот во Белград: Десничари претепале маж со ремен

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бјелогрлиќ говореше на протестот против насилството, а претепа познат режисер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Укинувате училишта, а не реални шоуа“: Српските студенти се упатија кон Собранието

Ана Ололовска

Нов протест на противниците на Вучиќ, организаторите предупредија од провокатори

Ана Ололовска

ВИДЕО: Сопственичка на локал дави девојче зошто седела на скалите

А1он