Српската полиција во „пежо“ пронајде дрога вредна половина милион евра

Од:

Владимир П.(45), кој беше уапсен на 30 август годинава, откако полицијата во возило „пежо“ пронајде 48 килограми марихуана, денеска е на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Во текот на рочиштето, осомничениот се бранел со молчење, односно го искористил законското право да не изнесе одбрана, се вели во соопштението на обвинителството.

Обвинителството по сослушувањето му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград на осомничениот да му одреди притвор за да не го повтори делото за краток временски период.

Наредбата за спроведување на истрагата го товари осомничениот за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Како што дознаваме, уличната вредност на оваа заплена е преценета на половина милион евра.

Би можело да ве интересира

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов

Фатени 5000 криминалци, запленета дрога од 400 милиони евра – дилерите на мета на МВР

(ВИДЕО) Уапсена криминалнa групa инволвиранa во трговија со дрога и оружје

Во Србија просечна плата во септември 735 евра, половина од вработените зеле помалку од 560 евра

Орце Костов

Србија се пласира на ЕУРО 24

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција: Спречен меѓународен транспорт на 85 килограми дрога