Српската полиција уапси македонски и украински граѓани за четири килограми хероин

Од:

Српската полиција во Белград уапси државјанин на Република Северна Македонија и на Украина кај кои пронајде над четири килограми хероин.

С.Х. (1965) од Северна Македонија и Н.Ш (1986) од Украина се уапсени под соменение дека извршиле кривично дело неовластено производство и ставање во промет опојни дроги.

Како што соопштува српското МВР пронајде 4,2 килограми хероин во внатрешниот дел од алуминумските фелни на возило „ауди а6“ со романски регистарски ознаки во кој се наоѓале осомничените.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред Вишо јавно обвинителство во Белград.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски