Средношколки од Гевгелија второ место на натпревар „Туристички пазар“ во БиХ

Од:

Ученичките Станија Златановиќ и Анастасија Зејринова од угоститетлско-туристичката струка на гевгелиската гимназија, се вратија со освоено второ место на меѓународниот натпревар „Туристички пазар“ кој се одржа во Сараево, БиХ.

Учесниците на натпреварот подржан од Минитерството за туризам на БиХ, на саемски штандови се претставувале со традиционални производи од своето поднебје, кои истовремено претставуваат и карактеристичен белег за регионот од кој доаѓаат.

Во конкуренција на екипи од десетина градови од Србија, Хрватска, Македонија и земјата домаќин, Босна и Херцеговина, ученичките од Гевгелија второто место го освоиле со туристичкиот производ насловен „Фестивалот на смоквите од антика до современа реалност“.

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски