Србин е уапсен во Лепосавиќ, жителите се собраа околу општинската зграда, засилени се силите на КФОР

Од:

Рано утрово во Лепосавиќ (Kосово) е уапсен уште еден Србин. Станува збор за У.В. кој е уапсен по излегувањето од својата куќа.

Тој е уапсен утринава околу 8 часот во населбата Тврѓан, во близина на местото викано Бункер.

Жителите на Лепосавиќ се собираат кај општинската зграда и се видно вознемирени од веста која стигна утрово.

Околу Лепосавиќ, силите на КФОР се видно засилени.

Во петокот на административниот премин Јариње беше уапсен здравствениот работник Далибор Спасиќ, а ден пред тоа во Лепосавиќ беше уапсен Србин кој е обвинет за наводен напад врз новинари.

Би можело да ве интересира

Уапсен е заменикот на Шојгу, осомничен е дека примил поткуп

Горан Наумовски

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески