Србија поставува метална ограда на границата со Македонија

Од:

Србија започна со поставување метална ограда на границата со Северна Македонија во близина на Прешево, јавуваат српските медиуми. Оградата треба да спречи евентуални масовни нелегални гранични премини. Поставувањето жичана ограда е на територијата на Република Србија, не и на територијата на нашата држава, информираа од МВР.

Од МВР за ова прашање за повеќе информации упатуваат на Амбасадата на Република Србија во нашата држава.

Повеќе информации засега не откриват ниту од Владата на Србија.

Шиприм Арифи, претседател на општина Прешево на југот на Србија, на 380 километри оддалечена од Белград, за дописникот на „Радио Слободна Европа“ од Крагуевац , изјави дека изградбата на жичаната ограда е дел од договорот со Европската унија (ЕУ).

„Сметаме дека оградата е во функција на дополнително обезбедување на границите на државите надвор од ЕУ од бегалците, кои евентуано пак ќе почнат масовно да се движат по таканаречена балканска рута“, вели Арифи.

Србија е на таканаречената балканска рута, преку која мигрантите и бегалците се обидуваат да стигнат до земјите на ЕУ. Според најновите податоци, објавени од српскиот Комесаријат за бегалци на 20 јуни, има околу 4.800 лица во 18 центри за азил и прием во Србија.

 

Би можело да ве интересира

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо