Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Од:

Полицијата вчера околу 19.30 часот во објект во скопското село Студеничани, сопственост на М.Ш.(50) од селото пронашлa шест лица мигранти, кои со употреба на сила и закани биле држени во објектот.

„Во врска со настанот, а поради сомнение дека сториле кривично дело по член 418б од Кривичниот законик, од слобода бил лишен сопственикот и Ќ.Ш.(25), У.Ш.(26) и А.Ш.(59), тројцата од с.Студеничани, како и Б.Б.(28), А.Б.(55) и А.Б.(32), сите од Скопје. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод