А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата

by А1он05/04/2025 - 20:44507
Share0

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави дека по грешка известила некои украински бегалци дека мора веднаш да ја напуштат земјата бидејќи им е одземен правниот статус. Некои Украинци кои влегоа во САД за време на мандатот на поранешниот претседател Џо Бајден оваа недела добија мејлови во кои се наведува дека Министерството за домашна безбедност (DHS) ќе ја отповика нивната правна заштита, пишува CBS News.

Следете a1on на Instagram Instagram

Администрацијата на Бајден дозволи околу 240.000 Украинци да влезат во рамките на политиката „Обединување за Украина“ (U4U), која им дозволуваше на американските граѓани да ги спонзорираат Украинците раселени од војната.

Исто така, повеќе од 20.000 Украинци кои пристигнаа во Мексико на почетокот на војната, исто така, се примени во САД со дозволи за привремен престој, кои овозможуваат работни дозволи и заштита од депортација на хуманитарни причини.

Кога CBS News контактираше со претставници на DHS, тие рекоа дека известувањето било испратено по грешка.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Пораката е по грешка испратена до некои Украинци кои учествуваат во програмата U4U. Програмата U4U не е суспендирана“, се вели во соопштението на DHS.

Не е јасно колку Украинци го добиле известувањето. Иако администрацијата на Трамп формално не ја суспендираше програмата U4U, таа го суспендираше приемот на нови лица и обновувањето на статусот за оние кои веќе се во САД.

Администрацијата, исто така, стави крај на иницијативата за спонзорирање на Кубанците, државјаните на Хаити, Никарагва и Венецуела, предупредувајќи ги повеќе од 500.000 мигранти кои влегле во САД според политиката дека ќе бидат уапсени и депортирани доколку не ја напуштат земјата до 24 април.

begalcisadukraina

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: Крајот на војната зависи од Киев, Украина треба да ги прифати компромисите

Горан Наумовски23/11/2026 - 08:10

Резаи: Ерата на експанзионистичка Америка е завршена

Горан Наумовски23/11/2026 - 07:03

(ВИДЕО) 12 лица загинаа во Киевската област, меѓу нив деветмина во уривање на станбена зграда

Горан Наумовски23/11/2026 - 06:58

ВИДЕО: Американците објавија нови снимки од НЛО, забележани над Блискиот Исток

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 15:39

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 10:1021/11/2026 - 10:11

Во руски напад врз Криви Рих загина медицинска сестра – 20 луѓе се ранети

А1он20/11/2026 - 21:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео