Спираки: Нова демократија нема да гласа за ратификација на протоколот за членство во НАТО

Од:

За ратификацијата на протоколот за членство во НАТО, Нова демократија ќе го стори истото што го направи и при процесот за ратификација на Договорот, бидејќи сметаме дека е лош договор и не е во корист на националните интереси, рече Мариа Спираки, портпаролката на најголемата грчката опозициска партија на денешниот брифинг со новинарите.

Спираки вели дека сега, „Ципрас брза да се заборави дека веќе се прекршува договорот, брза да се заборави дека отстапи македонски јазик и идентитет за соседите, а Заев слави, заборавајќи го првиот дел од сложеното име на неговата земја“.

– Нова демократија се обврзува строго да го контролира спроведувањето на овој лош договор. Нова демократија се обврзува дека ќе се бори за да ги ограничи последиците врз економијата и бизнисите во Северна Грција. Затоа, подготвува и набргу ќе соопшти план за поддршка и продуктивна реконструкција за нашата Македонија. Нова демократија како идна влада, целосно го задржува нејзиното право да го блокира текот на нашите соседи кон ЕУ, доколку смета дека е засегнат националниот интерес, рече Спираки.

Порптаролката на Нова демократија вели дека владата во обид да избега од Преспа од фиока ја извадила можноста за зголемување на минималната плата, нешто што можело да се направи уште во септември минатата година.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Муцунски: Силата на солидарноста е главната карактеристика на НАТО сојузот, а во случајот со трагедијата во Кочани беше демонстрирана од се срце

Секојдневен терор врз мајката од Скопје да и се земе четиригодишното дете, парите и врските појаки од правдата

Предраг Петровиќ

„Алкалоид“ донира 15 милиони денари во Фондот на солидарност на Црвениот Крст наменет за поддршка на настраданите при пожарот во Кочани

Пет години членство на Македонија во НАТО