Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“

Од:

Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска одржаа состанок со стручни лица од повеќе области со цел планирање и координација на следните активности за обезбедување докази.

Иако увидот на лице место формално е завршен, вештите лица кои вршат испитувања и анализи за потребите на постапката, по наредба на јавен обвинител, на лице место преземаат и дополнителни дејствија со цел темелна проверка и согледување на сите околности при пожарот. Со таа цел, објектот се уште е обезбеден и локацијата детално се прегледува.

Се издаваат барања за дополнителни проверки, анализи и наредби за вештачења на околности кои ги испитуваат и утврдуваат вештите лица. Дополнително, до овој момент за потребите на постапката се издадени наредби за анализа на податоци од преку 70 мобилни телефони и 30-тина десктоп и лаптоп компјутери.

Би можело да ве интересира

Две лица од Битола и Прилеп се уапсени поради предизвикување пожари

Шест активни пожари во Македонија, еден под контрола

Стоилковски: Филипче си ја злоупотреби внуката за јавно да лаже, во Гостивар никој не лажеше

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

Во вторник ќе се прска против комарци во Скопје

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар