Советот на Европа со остри критики за условите во грчките затвори

Од:

Советот на Европа, во денеска објавен извештај на својот комитет за спречување на мачењата, остро ја критикува Грција за условите во затворите и за поведувањето на полицијата, пренесува БТА.

Во извештајот на Советот на Европа се забележуваат мноштво случаи на полициско насилство во притвор и за лошите услови во грчките затвори, што се оценуваат како „критични“.

Во април 2015 година комитетот за спречување на мачењата ја посетил Грција за да види дали претходните препораки биле применети, но констатирал дека ситуацијата се влошила.

„Ситуацијата во затворите станала критична и неопходни се итни мерки за намалување на пренатрупаноста и хроничниот недостиг од персонал во повеќето затворски објекти, подвлекуваат експертите.

Ситуацијата се влошила до таков степен што веќе не станува збор за нарушување на член 3 од Европската конвенција на правата на човекот, што забранува нечовечко и понижувачко поведение, туку за „нарушување на правото на живот“, се наведува во извештајот.

Во затворите недостасува доволно медицинска грижа.

Комитетот за спречување на мачењата на остри критики ја подложи и грчката полиција. Властите треба да го признаат проблемот со малтретирањето од страна на полицијата и да преземат мерки, на пример, систем за аудио и видео снимање на распитите, препорачуваат експертите.

Проблеми има и со односот кон странците со нерегулиран статус. Според европските експерти, тие често се третираат како осомничени во кривични дела.

Експертите наведуваат дека нелегалните мигранти треба да се држат во посебно уредените центри, подвлекува Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески