Советник на Дачиќ имал бизнис врски со црногорски криминалец

Од:

Бизнисменот Ивица Тончев, советник за национална безбедност на српскиот премиер Ивица Дачиќ, му бил деловен партнер на црногорскиот криминалец Бранислав Шарановиќ, кој е убиен во 2009 година во Белград, тврди Центарот за истражувачко новинарство (ЦИНС) при Независното здружение на новинарите на Србија (НУНС).

ЦИНС истакнува дека не е познато како Тончев успеал да стане важна личност во јавниот живот на Србија. Кога пред пет години се вратил од Австрија, непознатиот бизнисмен Ивица Тончев „со зачудувачка брзина“ станал еден од највлијателните мажи во Србија, наведува Центарот.

По убиството на Шарановиќ, Тончев продолжил да работи како директор на неговата фирма, која го финансира казиното во хотел „Славија“ во Белград.

Според ЦИНС, советникот на Дачиќ сака да се претставува пред медиумите како многу успешен бизнисмен, но јавноста не знае како тој ги заработил парите, со каков бизнис се занимавал, какво образование има и каде го стекнал.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија