Сообраќајот во Босфор нормализиран

Од:

Сообраќајот во Босфор е нормализиран откако товарниот брод со повеќе од 3.000 тони пченка од Украина, кој кусо беше насукан, е безбедно закотвен.

Турската државна телевизија ТРТ Хабер јави дека сообраќајот во Босфорскиот теснец е повторно отворен откако беше запрен поради насукување на 173-метарскиот брод „Лејди Зехма“ по дефект на кормилото.

Ова е прв ваков инцидент по потпишувањето на договорот во јули за извоз на жито од блокираните украински пристаништа.

Во инцидентот нема повредени.

По потпишувањето на договорот на 22 јули меѓу Киев и Москва со посредство на ОН и Анкара, беа деблокирани три украински црноморски пристаништа за извоз на жито.

До средата, согласно договорот, од Украина се извезени 1,55 милиони тони жито и други прехранбени производи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Прекината пловидбата низ Истанбул, брод со жито од Украина се насука во Босфор

Интерконтинентално бебе се роди под Босфор, во тунелот „Евроазија“

Украинската војска бара Турција да го затвори Босфор за премин на руски бродови

Наум Локоски

Протокот Босфор беше затворен поради преминувањето на гигантски брод

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Третиот мост на Босфор пуштен во употреба

А1он

Поставен камен-темелник на третиот мост над Босфор во Истанбул

Ана Ололовска