Софија бара објаснување од хрватската амбасадорка по изјавите на Милановиќ околу бугарската блокада за Македонија

Од:

Бугарското Министерство за надворешни работи, по налог на привремениот министер Светлан Стоев, денеска ја повика на разговор амбасадорката на Хрватска во земјата, Јасна Огњановац.

Потегот доаѓа по изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој јавно ѝ се спротивстави на Бугарија за условите што ѝ ги поставува на Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија.

Бугарија ја опишува изјавата на Милановиќ како неприфатлива и неоправдана.

Милановиќ, по завршувањето на самитот на лидерите од регионот во процесот „Брдо-Бриони“, пред два дена изјави дека ова што сега една земја членка на ЕУ ѝ го прави на Северна Македонија, претставува навлегување во интимниот простор на Македонците, што е нешто „што не се прави“. Хрватскиот претседател оцени дека Скопје се наоѓа во невозможна позиција во процесот на евроинтеграциите.

Би можело да ве интересира

Уставните измени сe прв, но не и единствен услов за преговори на Македонија со ЕУ, порача бугарскиот министер за надворешни

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Милановиќ: Владата нека и помогне на Украина, јас сум одговорен за одбраната

Горан Наумовски

Милановиќ: Каја Калас води опасна политика