Со помош на куче трагач и рентген во контејнер со банани во Грција откриени 70 килограми кокаин

Од:

Царинските службеници од Независната управа за јавни приходи на Грција, со помош на рентген и куче трагач во контејнер со банани откриле и заплениле 70,5 килограми кокаин, јави дописничката на МИА од Атина.

Контејнерот што пристигнал од Јужна Америка, а бил наменет за земја од Западен Балкан, пријавил дека пренесува банани, но било одлучено рентгенски да се провери.

Откако системот открил сомнителен материјал, бил извршен и физички преглед со помош на кучето трагач Аксел и биле пронајдени 60 пакети кокаин, со вкупна тежина од 70,5 килограми.

Дрогата била внимателно скриена во контејнерот, во машините за ладење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Со кражба на идентитет испрале десет милиони евра од кокаин

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе