Словенија денес ја добива првата голема пратка заштитна опрема

Од:

Словенечките власти најавија дека денес во земјата ќе пристигне првата голема пратка заштитна опрема за коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, во пратката има милион и пол хируршки заштитни маски и друга заштитна опрема.

На некои места во земјата се појавија недостатоци од заштитна опрема, па повеќе болници беа принудени опремата да ја распоредуваат според моменталните потреби, односно ако една здравствена установа има вишок на маски, истите ги испраќаше во друга болница каде што тие недостасуваа и обратно.

Новата заштитна опрема ќе биде распредена прво таму каде што е најпотребна.

Инаку, Владата на седница се очекува да донесе предлог-закон за интервентна поддршка и одложено плаќање на кредитните обврски имајќи во предвид состојбата со коронавирусот. Според најавите ќе се донесат и нови одлуки за набавка на медицинска и заштитна опрема.

Би можело да ве интересира

Словенија ја призна Палестина

Катерина Ѓуровски

Словенија го одлага признавањето на Палестина

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски