Словенечкиот арбитар Рони Абрахам поднесе оставка

Од:

Претседателот на Меѓународниот суд во Хаг, Французинот Ронин Абрахам нема да ја претставува Словенија во Арбитражниот суд  за граничниот спор со Хрватска за Пирански Залив.

Тој истакна дека актуелната ситуација не дозволува да се воспостави доверба меѓу двете земји и оти процесот не може да се одвива нормално.

Абрахам беше именуван од словенечката Влада, откако поранешниот арбитер Јернеј Соколец и словенечката пратеничка Симона Дреник поднесоа оставки по скандалот со објавените стенограми од нивните телефонски разговори, во кои договараат Словенија да добие две-третини од Пирански Залив.

По скандалот Хрватска се повлече од арбитражата со образложение дека процесот е компромитиран.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик