Скандалозно: Полицајка му открила на убиецот Нермин каде се крие неговата невенчана сопруга

Од:

Обвинителството на Тузланскиот кантон ги проверува наводите дали полицајката на МУП Т.К. Џенана Селимовиќ му ја открила локацијата на тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ на неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, која брутално ја претепал, а потоа ја ликвидирал во живо на Инстаграм.

Според информациите на „Аваз“, локацијата, која ја потврдија МУП и Обвинителството, наводно ја открила полицајката Селимовиќ, за што полицијата истиот ден веднаш го известила обвинителот.

Како што веќе објави порталот „Аваз“, Зијада Вуковиќ Памуковиќ, тетката на убиената Низама, изјавила дека била со своето дете седум дена пред да ја најде џелатот.

– Седум дена беше со мене, осмиот ден ја дадоа локацијата, осмиот дозна каде се крие – рекла жената, која тврди дека само полицијата го знаела местото каде што се крие Низама.

– Низама се пожали дека има проблеми и затоа побегна кај мене со детето од тој насилник – вели скршената тетка на трагично починатата жена.

Нермин Сулејмановиќ во петокот уби три лица. Убиството на невенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ го пренесуваше во живо на Инстаграм. Својот крвав поход го продолжил на улиците на Градачац, каде ги убил таткото и синот Џенгиз и Денис Ондер, а ја ранил Хариса Ондер.

Сулејмановиќ го ранил и полицаецот Хусеин Коториќ пред полициската станица во Градачац, како и уште едно лице.

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

ВИДЕО: Син на пратеник уапсен за убиството на полициски инспектор во БиХ

Катерина Ѓуровски