Сириза: Реконструкцијата на Владата на Грција сигнализира почеток на крајот за неа

Од:

Најголемата опозициска партија во Грција, Сириза ја критикуваше реконструкција на Владата и истакна дека новиот Кабинет сигнализира „почеток на крајот“ за Владата на Грција.

„Новата Влада е наменска за политиките на меморандумот и за владините планови за комплетирање на политичкиот грабеж на приходите и за продажбата на јавните добра“, соопшти партијата.

Конзервативниот премиер Андонис Самарас вчера направи реконструкција на неговиот Кабинет, со цел да ја зајакне Владата откако Демократската левица, најмалата партија во владејачката коалиција, се повлече од владината коалиција поради затворањето на државната телевизија, оставајќи го Самарас со многу мало мнозинство во Парламентот.

Сириза во соопштението истакнува дека „рециклирањето на бројките во кабинетот не е доволно за да се маскира неуспехот на мерките за штедење“.

„Реконструкцијата не може да ја спаси Владата која се урива, туку напротив сигнализира почеток на својот крај“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски