Шулц го предупреди Ципрас да не ги крши санкциите на ЕУ кон Русија

Од:

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц го предупреди грчкиот премиер Алексис Ципрас да не ја прекршува линијата на Европската унија за санкции кон Русија, во неговите средби со руските државници денеска во Москва.

– Грција бара и добива многу солидарност од ЕУ, па затоа ние можеме да побараме солидарност од Грција и оваа солидарност да не биде откажана еднострано, изјави Шулц во интервју за германскиот весник „Минхнер Меркур“ кое го пренесоа грчките медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Шулц рекол дека ова јасно му е ставено до знаење на Ципрас во текот на неколку разговори.

– Тој треба да ги базира своите потези во Москва врз ова. ЕУ го очекува тоа од него како лидер на држава што е членка на Унијата, истакнал Шулц.

Тој го критикуваше барањето на Грција за германски репарации од Втората светска војна, велејќи дека е „контрапродуктивно да се мешаат прашања покренати од емоции со актуелната економска криза во Грција“.

Би можело да ве интересира

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов