Шпанија не го менува својот став за Косово

Од:

Министерот за надворешни работи на Шпанија, Хосе Мануел Гарсија Маргаљо порача дека Шпанија нема да го смени својот став околу прашањето за независност на Косово.

Тој оцени дека бриселскиот договор помеѓу Белград и Приштина и планот за негова имплементација статусно се неутрални.

Шпанскиот шеф на дипломатија на состанокот со потпретседателката на владата на Србија за европска интеграција Сузана Грубјешиќ во Мадрид истакна дека Србија може да смета на недвосмислена поддршка од Шпанија за одредување датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

-Србија секогаш може да се надева на Шпанија, ние сме големи пријатели на вашата држава и со сите сили ја поддржуваме европската иднина на Србија – изјави Маргаљо.

Тој додаде дека Шпанија ќе остане приврзана на својот цврст став и нема да ја признае независноста на Косово.

Србија и Шпанија треба да ја зајакнат економската соработка, рече шпанскиот министер и нагласи дека капацитетот за соработка е многу поголем.

Грубјешиќ изрази благодарност на Шпанија за поддршката и го покани шпанскиот премиер Маргаљ да ја посети Србија за да го зајакнат пријателството помеѓу двете држави.

Таа нагласи дека Србија е во дипломатска офанзива и најави дека наскоро ќе го посети Берлин, со цел Србија да обезбеди најширока можна поддршка за продолжување на европските интеграции.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина