Шест српски граѓани во карантин поради омикрон

Од:

Откако на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ е засилена контролата врз патниците кои доаѓаат од седум ризични земји поради новиот вид на коронавирус – омикрон, шест лица се ставени под здравствен надзор и мерка карантин од 14 дена. Сите се српски државјани.

Според информациите што ги имаат српските медиуми, мерката карантин е изречена на сите патници на 6 декември. Меѓу нив е и едно семејство, кое било веднаш тестирано со ПЦР на аеродромот. Сите членови биле негативни.

Патниците кои се ставени во карантин биле во Боцвана. Дел од нив во Србија пристигнале преку Виена, а едно лице допатувало преку Истанбул.

Патниците немале никакви здравствени проблеми, информираат српските медиуми.

Засилената контрола на патниците кои пристигнуваат во Србија започна минатата недела. Јужноафриканската Република, Боцвана, Зимбабве, Намибија, Лесото, Мозамбик и Малави се класифицирани како земји со висок ризик.

Патниците кои доаѓаат од овие земји или престојувале во нив во претходните 14 дена, без разлика од која земја влегуваат во Србија, веднаш по слетувањето на аеродромот „Никола Тесла“ се тестираат со ПЦР, а остануваат изолирани на аеродромот до добивање на резултатите.

Во случај на позитивен наод, Брза помош со сите заштитни мерки ги носи во болницата „Батајница“.

Доколку наодот е негативен, се издава решение за куќен карантин и превоз со такси со целосни мерки за заштита до пријавеното место на живеење во Србија. Карантинот секојдневно ќе го контролира МВР.

Потребно е и ПЦР тестирање на седмиот ден или во случај на појава на симптоми.

Негативен ПЦР тест не е услов за излегување од карантинот од 14 дена, а тестот се прави на сметка на лицето во карантин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски