Шефицата на косовската дипломатија поднесе оставка поради афера со изборен поткуп

Од:

Министерката за надворешни работи и дијаспора во Владата во заминување на Косово, Мелиза Харадинај-Стубла денеска поднесе оставка од функцијата, откако во јавноста се појави снимкa на која се гледа како нејзиниот сопруг наводно потплатува членови на изборна комисија за да ѝ ги обезбеди потребните гласови за да стане пратеничка во новото Собрание на Косово.

Харадинај-Стубла поднесе оставка и на функциите и членството во нејзината партија, Алијанса за иднината на Косово (ААК), а во образложението кое го објави на нејзиниот Фејсбук, наведе дека последните денови, таа лично и нејзиното семејство, „во се уште неразјаснети околности“, биле „изложени на линч, притисоци, манипулации и уцени“.

– Оваа одлука ја донесов поради моралната штета која ми е нанесена и повредениот имиџ од страна на лица со валкани намери, а не затоа што чувствувам одговорност за манипулациите и обвиненијата кои ми се припишуваат мене и на моето семејство, напиша Харадинај-Стубла, најавувајќи дека ќе се бори со сите законски средства за да се открие вистината во врска со обвиненијата против неа и нејзиниот сопруг.

Косовските медиуми деновиве ја објавија снимката, на која се слуша како неколку лица разговараат меѓу себе, при што кажуваат дека од сопругот на Харадинај-Стубла добиле пари за во центарот за пребројување на гласовите да обезбедат што повеќе гласови, со цел таа да стане пратеник.

Бизнисменот Дардан Стубла наводно потплатил четворица доверители кои „украле“ гласови од другите кандидати на ААК и ги завеле на сметка на неговата сопруга Мелиза.

Премиерот во оставка Авдулах Хоти ја прифати оставката на Харадинај-Стубла и за нов вршител на должноста министер за надворешни работи го именува досегашниот заменик-министер Бесник Тахири, соопшти попладнево владината служба за информирање.

Партијата на Харадинај-Стубла, ААК, чиј лидер е поранешниот премиер Рамуш Харадинај, на вонредните парламентарни избори во Косово, на 14 февруари, освои нешто повеќе од седум отсто од гласовите и обезбеди осум пратенички места во идното републичко Собрание.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

Мемов за А1он: Во ЗНАМ не се водиме од тоа кој ќе биде пратеник, личните незадоволства се приватна работа