Сергеј Лавров утре во посета на Словенија и Србија

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре ја почнува посетата на Словенија и на Србија.

Во Љубљана, Лавров ќе има средби со словенечкиот државен врв и ќе потпише меморандум за основање на Меѓународен центар на Втората светска војна, по што, на покана на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, утре вечер ќе пристигне во Белград.

За време на дводневата посета на Србија, како што јави дописникот на МИА од Белград, Лавров ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, со кои ќе разговара за билатералните односи, економската соработка, состојбата на Западен Балкан и Косово.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста