Седница во СБ на ОН за Косово

Од:

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи седница посветена на ситуацијата во Косово, на која ќе присуствуваат српскиот и косовскиот премиер Александар Вучиќ и Хашим Тачи.

Шефот на УНМИК Фарид Зариф на седницата на СБ на ОН ќе поднесе редовен тримесечен извештај до Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун за ситуацијата во Косово.

Седницата на СБ на ОН првично беше предвидена да се одржи на 13 ноември.

Во најновиот извештај Генералниот секретар на ОН изрази загриженост поради политичкиот застој во Приштина и ги повика косовските лидери да ги зголемат напорите за изнаоѓање решение и што побрзо да продолжи дијалогот со Белград.

Бан нагласи дека сеагшната генерација лидери мора да продолжи со историскиот процес на нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, да го прифати минатото и ги искористи можностите што ги нуди Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот