Се уште нема никаква трага од Милош, Ненад и Милан, тројцата мажи кои исчезнаа во Дунав

Од:

„Покрај членовите на семејството, во потрагата ни се придружија и пријателите, секако полицијата, но и многу добри луѓе кои ја пребаруваат реката со своите чамци и глисери. Дури и луѓето кои шетаат покрај брегот, гостите на некои блиски ресторани, набљудуваат, гледаат… Досега, за жал, сè уште не најдовме ништо, но сепак се надеваме на нешто добро“.

Ова вчера за српски „Новости“ го изјави Душан Марковиќ, братот на исчезнатиот Милош, кој меѓу првите го даде својот телефонски број и упати апел до сите луѓе со добра волја да им се придружат во потрагата по исчезнатите млади мажи во Дунав.

Душан вчера изјави дека полициски екипи, како и некои членови на семејството и пријатели, го „чешлале“ левиот брег на Дунав, каде во населбата Крњача испливал Мане Кнежевиќ (38) и бил единствениот од четворицата пријатели кој успеа да се спаси од високите бранови на Дунав чија температура сега е едвај пет до седум степени.

– Ја проверивме левата страна на реката и истото го повторуваме секој ден – вели Душан.

– Ја пребаравме и Ада Хуја, а сега и бреговите на Тамиш, кај Панчево. Им благодарам на сите луѓе кои помагаат. Продолжуваме да апелираме до сите кои можат да помогнат да се приклучат во потрагата, потребни ни се чамци, дронови, сонари… Секоја помош и информација е добредојдена, вели братот.

Во последните пет дена, колку што трае потрагата по исчезнатите, пронајден е само ранецот со документи на еден од нив. И ништо повеќе.

Бродот во кој се наоѓале четворица пријатели во саботата вечерта се превртел на километар од Панчевачки мост поради силен ветер и високи бранови. Мане Кнежевиќ беше единствениот кој некако успеал да се спаси, кој во критичен момент се фатил за плута на која седел во чамецот. Така низ грмушките, полусвесен и речиси онесвестен и замрзнат, некако стигнал до брегот, а потоа до првата куќа, каде што побарал помош.

Тој е згрижен во Ургентниот центар, но, како што објавуваат српските медиуми, се уште е во шок. Тој е под седативи и, според медиумите во Србија, иако неговото здравје се уште е слабо, тој самиот се вклучил во потрагата по тројца пријатели, чии апели за помош „се уште му одѕвонуваат во главата“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов