Се урнаа два турски ловци, четири жртви

Од:

Во турскиот југоисточен регион Малати, вчера се урнаа два воени ловци, при што загинаа сите четири члена на екипажот.

-За жал сите четворица загинаа. Ги пронајдовме само остатоците од авионите- изјави турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Алта.

Во соопштението на Генералштабот на туските вооружени сили се наведува дека контактот со извидувачкиот авион „Ер-Ер-4 Е“ е изгубен непосредно по полетување од воздушната база поради планираниот ноќен лет.

Извори од турската армија изјавиле дека авионите се урнале во областа Акчадаг, која што се наоѓа на околу 150 километри северно од границата со Сирија, меѓутоа причините за несреќата се уште не се познати.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа