Се огласи Москва за нападот во Бањска: Се организираат провокации против Србите

Од:

Ситуацијата на Косово е исклучително тешка, тензична и потенцијално опасна, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во врска со последните настани во селото Бањска.

„На косовскиот фронт гледаме прилично воспоставен необјективен однос кон Србите. Тоа е традиционално неизбалансирана линија“, посочи Песков.

Тој нагласи дека ситуацијата на Косово е многу и крајно напната, потенцијално опасна и дека Москва внимателно го следи развојот на настаните.

Песков подвлече дека нема коментар за инцидентот во православниот манастир Бањска на северот на Косово, но посочи дека има провокации против српското население на тоа подрачје.

„Фактот дека многу често се организираат разни провокации против Србите не е тајна за никого. Се разбира, секогаш има врева во позадината на овие провокации“, рече Песков.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Косово е уапсен поранешен полицаец, еден од најголемите наркобосови во регионот

Поранешен портпарол на НАТО: Примете го Косово во НАТО, веднаш..

Три жени исчезнаа на Косово

Поранешниот советник на Пацоли призна дека тој го нарачал убиството на неговата сопруга

Горан Наумовски

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов

Фалсификуваните евра запленети на Косово биле печатени во Македонија

Катерина Ѓуровски