Сатлер: Не исклучувам мерки на ЕУ поради зголемените тензии во БиХ

Од:

Шефот на Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Јохан Сатлер изјави дека не исклучува мерки на ЕУ, со оглед на зголемените тензии предизвикани од постапките на политичарите од Република Српска во Народното собрание на РС.

Сараевски медиуми ја пренесоа изјавата на Сатлер за австриски „Кронен цајтунг“, според која „финансиските субвенции се начин јасно да се покаже дека тоа е спротивно на правилата“.

„Постојат различни начини да се реагира“, додаде Сатлер, истакнувајќи дека, и покрај предупредувањата од меѓународната заедница, Националното собрание на РС одлучи да ги повлече надлежностите од државно ниво во областа на индиректните даноци, правдата, безбедноста и одбраната.

„Тоа го водеше Милорад Додик, шеф на Партијата на независни социјалдемократи (СНДС). Тој најави дека ќе иницира закони во рок од шест месеци“, рече шефот на Делегацијата на ЕУ во БиХ. Според него, на сцена во БиХ е блокада на највисоките и најважните институции.

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

ВИДЕО: Син на пратеник уапсен за убиството на полициски инспектор во БиХ

Катерина Ѓуровски