Самоопределување за утре најави сенароден собир во Приштина

Од:

Лидерот на косовското политичко движење Самоопределување и доскорешен премиер на Косово, Албин Курти ги повика граѓаните да излезат утре во центарот на Приштина на сенароден собир со кој ќе се одбележи 21-годишнината од ослободувањето на Косово и 15-годишнината од основањето на партијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку видеопорака Курти ги повика граѓаните утре во 17 часот да излезат на собирот кој, како што нагласи, ќе биде мирен, со музика и говори, додека „протести ќе има понатаму, бидејќи тие се неминовни“.

По повод утрешниот собир реагираше Амбасадата на САД во Приштина, која ги повика американските граѓани да ги избегнуваат плоштадите во градот, напоменувајќи дека „и собирите кои се прокламираат како мирни можат да се претворат во насилни“.

„Неколку настани се најавени до 17 јуни 2020 година. Меѓу тие настани, но не само тој, е 21-годишнината на ослободувањето на Косово и 15-годишнината на Движењето самоопределување. ВВ организира политички протест („собир“) на 12 јуни на плоштадот „Скендербег“. Американскиот владин персонал и американските граѓани се советуваат да ги избегнуваат зоните на демонстрации и да бидат внимателни доколку се најдат во близина на некој голем собир, протест или демонстрации,“ се вели во соопштението.

Освен што можат да прераснат во насилни, „таквите собири со голема бројност можат да се претворат во супер-настан за ширењето на Ковид-19“, порача американската Амбасада.

Курти во изјава за агенцијата КосоваПрес соопштението на американското дипломатско претставништво го оцени како „шаблон кој редовно се користи кога има собири“.

Откако на 25 март Собранието му изгласа недоверба, а на 3 јуни и го разреши кабинетот на Курти, ВВ покрена петиција со барање за нови парламентарни избори и најави протести против новата влада, предводена од Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово, за која тврди дека е нелегитимна.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски