Самарас гневен на министрите затоа што не сакаат да ги намалат трошоците

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас е гневен на своите министри затоа што не сакаат да помогнат во намалување на трошоците во министерствата што ги раководат, соопшти грчкиот сајт Ин њуз.

Намалувањето на трошоците се наметнува за да може Грција да продолжи да добива финансиски инјекции од вториот спасувачки пакет, договорен со ЕУ и ММФ во висина од 130 милијарди евра.

Барањето за штедење од тројката меѓународни кредитори е во износ од 11,5 милијарди евра. Во медиумите се споменува и бројката од 11,7 милијарди евра.

Според владини извори, гневот на премиерот доаѓал од фактот дека повеќето министри во неговата влада биле под влијание на синдикатите, кои се противат на овие кастрења.

Аналитичарите тврдат дека од досегашните разговори со членови на кабинетот се дознава дека министерот за финансии тешко дека ќе ги најде неопходните заштеди од 11,5 милијарди евра, што треба да се направат во следните две години.

Економеската екипа на владата бара мерки за штедење во висина на 11,5 милијарди евра, но досега биле најдени само 5,58 милијарди евра.

Министерството за финансии стравува дека доколку повторно не се намалат платите и пензиите, нема да можат да се соберат овие средства. Стравувањата се дека и овој пат ножот ќе допре до коска и ќе се дојде до сериозни намалувања на доходите.

Првичната идеја на владата беше да не се допираат сите плати и пензии, туку само највисоките, и да се прземат напори за намалување на државниот сектор, но без да се дојде до отпуштања. Очигледно е, меѓутоа, дека тие мерки не се доволни, пишуваат весниците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски