Сахин: До септември во Турција ќе бидат испорачани 120 милиони дози од вакцината „Фајзер“/„БиоНТек“

Од:

Основачот на германската фармацевтска компанија „БиоНТек“, Угур Сахин, изјави дека сака до крајот на јуни во Турција, земјата од која потекнува, да испрати 30 милиони од вакцината на „Фајзер“/„БиоНТек“ против коронавирусот.

Сахин, кој со „Фајзер“ ја разви вакцината против Ковид-19, преку видео конференција кажа дека во јули, август и септември ќе заврши испраќањето на сите 120 милиони дози вакцини против коронавирусот во Турција.

-Ќе работиме дење и ноќе за навреме да ги испратиме вакцините, додаде основачот на „БиоНТек“.

Тој посочи дека сакаат да произведуваат вакцини, но и да спроведат истражување и развој на вакцини во Турција, пренесе Анадолија.

Сахин истакна дека вакцината ја тестирале на повеќе од 30 варијанти на вирусот, и дека таа делува против мутациите.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски