Руската вакцина Спутник V денес пристига во Србија

Од:

Руската вакцина против коронавирус Спутник V пристигнува денес во Србија, дознава Танјуг.

Министерот за здравство, Златибор Лончар, вчера изјави дека тестирањето на руската вакцина во Агенцијата за лекови и медицински помагала е при крај и дека се очекува да заврши во првите денови од новата година.

Рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан Карченко вчера најави дека првиот контингент руски вакцини против коронавирусот ќе биде доставен во Србија „до крајот на тековната година“, која истекува за два дена.

Вакцинацијата против коронавирус со вакцината на компаниите Фајезер и Бионтек во Србија започна на 24 декември, а според министерот Лончар, новиот контингент од вакцината Фајзер во Србија ќе пристигне на 4 јанури, по што на секои седум дена ќе пристигнуваат нови количини.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија