Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

Од:

Премиерот на РС, Радован Вишковиќ изјави дека во областа Зворник треба да се изгради постројка за претворање на природен гас во течен.

Вишковиќ изјави и дека рускиот инвеститор е заинтересиран за овој проект.

„Гасот се транспортира во течна состојба до локацијата на потрошувачот. Претворањето на природниот гас во течен се врши за оние потрошувачи до кои е невозможно или неисплатливо да се изгради гасна инфраструктура“, изјави Вишковиќ за РТРС во Москва. Тој разговараше со претставници на повеќе компании во врска со проектот за гасификација на РС, пренесува Бизнисфо.

Премиерот изјави дека термоелектраната Гацко наместо мазут може да користи течен гас, додавајќи дека има и други потенцијални корисници.

„Се договоривме да направиме проектна задача и да погледнеме кои други потрошувачи, освен термоелектраната Гацко, ќе бидат корисници. Ќе ги испитаме сите потенцијални корисници и ќе ги доставиме параметрите до идниот инвеститор, по што висината на инвестицијата ќе се знае“, рече Вишковиќ.

На средбата присуствуваше и министерот за енергетика и рударство на Република Српска, Петар Ѓокиќ, кој посочи дека некои компании долги години изразуваат потреба од користење на природен гас.

„Студијата ќе биде подготвена заедно со потенцијален инвеститор“, изјави Ѓокиќ за РТРС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Додик: Ако Трамп победи на изборите, Република Српска би можела да прогласи независност

Катерина Ѓуровски

Поскапува мазутот

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Додик го слушна обвинението: Измислица на обвинителството за политички притисок, фактите немаат врска со мене

А1он

(ВИДЕО) Го осудија за педофилија, па им избега низ прозорец

Предраг Петровиќ