Русија поднесе алтернативна предлог-резолуција за БиХ

Од:

 Русија му предаде на Советот за безбедност на ОН алтернативна предлог-резолуција за БиХ, како противтежа на британскиот документ, кој се предлага за усвојување по повод 20-годишнината од геноцидот во Сребреница.

– Овој предлог сметаме дека е ориентиран на помирување на страните, а не создавање на дополнителни линии на поделба во БиХ, изјави портпаролот на руската мисија во ОН, Алексеј Зајцев.

Тој не даде повеќе детали околу главните одредби во документот, кој го предложи Москва.

Велика Британија планира својата предлог-резолуција да ја стави на гласање на 7 јули, четири дена пред одбележувањето на 20-годишнината од геноцидот во Сребреница.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија