Русија најави вето, одложено гласањето за резолуцијата за Сребреница

Од:

Русија најави вето на британската резолуција за Сребреница, а Кина предложи гласањето да се одложи додека не се постигне консензус на сите членки на Советот за безбедност, пренесуваат српските медиуми.

Почетокот на седницата е одложен за 21 часот откако рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров го извести британскиот колега дека ќе поднесе вето на предлог резолуцијата за Сребреница. Британија обезбеди поддршка досега од САД, Литванија, Малезија и Нов Зеланд.

Српскиот премиер Александар Вучиќ за доцна вечерва повика итна седница на владата поради новите случувања во Советот за безбедност на ОН за Сребреница.

Кинеското министерство за надворешни работи смета дека тесктот на резолуцијата за Сребреница не оди во прилог на помирувањето во регионот и дека нема согласност за истиот од сите народи во БиХ.

Според српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, Србија не е повикана да улествува на денешната седница.

-Имаме замерки и сметаме дека Британија не одигра позитивна улога во сето ова, рече тој.

Форин офисот во понеделникот ја претстави шестата верзија на предлог резолуцијата за геноцид, во која се повторуваат ставовите за кои Србија и Република Српска имаа замерки.

Би можело да ве интересира

Договорен текстот на резолуцијата за Сребреница – ќе се гласа во Обединетите нации

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа