Ругова: Курти не е заеднички кандидат за премиер

Од:

Пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) Насер Ругова изјави дека лидерот на Самоопределување Албин Курти не е заеднички кандидат за премиер, како и тоа, доколку и дојде до договор меѓу овие две партии, премиерот ќе го даде неговата партија ДСК.

-Доколку дојде до договор, ДСК и Самоопределување ќе состават заедничка листа и ДСК ќе ја предводи таа листа, рече Ругова, пренесува Косовоонлајн, повикувајќи се на весникот Зери.

Весникот, исто така, наведе лидерот на ДСК, Иса Мустафа, и Албин Курти пред два дена се сретнале во Приштина, а седницата на косовското Собрание на која ќе се расправа за негово самораспуштање е закажана за 22 август.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски